15/06/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Адвокатот што го брани осомничениот за воени злосторства Стојан Жупљанин во саботата (14-ти јуни) објави дека очекува в понеделник да добие судска наредба за екстрадиција на неговиот клиент, кого полицијата го уапси во близина на Белград на 11-ти јуни. Адвокатот Небојша Марас рече дека одбраната сака да ја види судската пресуда пред да донесе каква било одлука. (СРНА, РТРС, ПБС БиХ, Дневни аваз, Онаса, Фена - 1306/08)