Mарковиќ вели дека српската влада на ДС и СПС би можела да биде формирана за 15 дена

17/06/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Водачот на Обединета Србија, Драган Марковиќ, во понеделникот (16-ти јуни) рече дека е оптимист оти коалициите предводени од Демократската партија (ДС) и Српската социјалистичка партија (СПС) ќе формираат влада, најверојатно во рок од 15 дена. Официјалните разговори помеѓу двете страни се очекуваат оваа недела. Локалните медиуми јавија дека разговорите помеѓу ДС и СПС стигнале до една напредната фаза и дека официјалните претставници се подготвени да разговараат за распределбата на владините ресори. Разговорите за коалиција започнаа пред околу еден месец, откако ниту една партија не го освои мнозинството потребно за владеење на изборите на 11-ти мај. (Блиц, Политика, Данас - 17/06/08; Б92, Бета, РТС - 16/06/08)