Месиќ започна нова кампања за борба против корупцијата

17/06/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Претседателот Стипе Месиќ во понеделникот (16-ти јуни) го обелодени новиот акциски план за борба против корупцијата, чија цел е завршување на преговорите за пристапување во ЕУ следната година. „Не сум задоволен. И покрај тоа што многу институции се вклучени во активностите против корупцијата, проблемот останува“, рече Месиќ по состанокот со премиерот Иво Санадер и претседателот на парламентот, Лука Бебиќ. „Постигнавме одредени резултати, но мора да се направат повеќе чекори“, рече Санадер. Антикорупциските мерки и судските реформи се помеѓу главните услови што Хрватска мора да ги исполни за да стави крај на своите разговори за пристапување во ЕУ следната година. Земјата се надева дека ќе пристапи во блокот во 2010 или 2011 година. (Вечерњи лист, Ројтерс, Javno.com, ХРТ - 16/06/08)