17/06/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Марк Греј во понеделникот (16-ти јуни) објави дека комисијата има намера да им ги претстави своите извештаи за мониторинг механизмите за соработка и контрола на внатрешните работи и правните системи на Бугарија и Романија на 23-ти јули.
Во меѓувреме, бугарската влада во понеделникот објави дека испратила детален одговор, вклучително и објаснување на мерките што се преземени, во врска со клучното писмо од шефот на Директоратот за проширување на ЕК, Мајкл Ли. Во неговото писмо на 8-ми мај се изразува разочараност од напорите на високите бугарски претставници вклучени во спроведувањето на политиката и искористувањето на средствата од програмите на ЕУ. (БНР, Дарик, БТА, Нетинфо, БГНЕС - 16/06/08)