18/06/2008
ЛУКСЕМБУРГ -- Хрватска во вторникот (17-ти јуни) отвори две нови поглавја во својот процес на пристапување во ЕУ, по одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Луксембург. Со новите поглавја -- за социјалната политика и вработувањето и слободата на движење на работниците -- досега се отворени вкупно 20 поглавја. Хрватска успеа да затвори две, но се надева дека ќе го зголеми темпото отсега натаму -- властите велат дека целта за отворање на сите 35 поглавја до крајот на оваа година и понатаму е реална. Европската комисија се очекува да го објави патоказот за членството на Хрватска во ЕУ следниот месец.
Исто така во вторникот, министрите за надворешни работи на ЕУ одлучија да отворат две нови поглавја во разговорите за пристапување на Турција во ЕУ, поглавје за законот за трговските друштва и поглавје за законот за интелектуалната сопственост. Со тоа бројот на отворени поглавја од почетокот на разговорите за пристапување во 2005 година ќе изнесува осум. (ХРТ, Вечерњи лист, СТА, Ксинхуа, новинска агенција Анадолу, АФП - 17/06/08)