Г17 Плус вели дека Србија наскоро ќе формира нова влада

18/06/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Коалициите предводени до Демократската партија (ДС) и Српската социјалистичка партија (СПС) е можно наскоро да формираат влада, рече Влајко Сениќ, претставник на Г17 Плус, помал член на коалицијата на ДС, во вторникот (17-ти јуни). Сениќ потврди дека двете страни разговарале и дека „е преговарано за многу работи за време на неформалните консултации“.

Сепак, СПС инсистира на тоа дека не ги прекинала разговорите со националистичката Српска радикална партија, популистичката Демократска партија на Србија и Нова Србија. СПС посочи дека во врска со идната владејачка коалиција, повеќе е загрижена за спроведувањето на нејзиниот манифест, отколку за распределбата на министерските места. (Блиц, Данас - 18/06/08; Б92, РТС, Бетa - 17/06/08)