ВМРО-ДПМНЕ доби мандат за формирање влада

23/06/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија партија победи на предвремените избори на 1-ви јуни, во понеделникот (23-ти јуни) од претседателот Бранко Црвенковски доби мандат за формирање нова влада, по конститутивната седница на новиот парламент на државата во саботата. „Сега имам 20 дена за составување на новиот владин кабинет. Не очекува многу работа, многу енергија и остварување многу проектите што им ги ветивме на граѓаните“, рече Груевски. Во интервјуто од неделата за МИА, тој рече дека планира да започне консултации што ќе одредат која од двете партии на етничките Албанци -- Демократската унија за интеграција или Демократската партија на Албанците -- ќе й се приклучат на владејачката коалиција. Парламентот го избра членот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Велјановски за свој претседател во саботата. (Утрински весник, Канал 5, Вечер, Фокус - 23/06/08; MИA - 22/06/08)