23/06/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Кипарски полицаец загина во неделата (22-ри јуни), додека се обидувал да ги спаси жителите на една зграда од шумскиот пожар кој се наближувал. Пожарот избувнал во планинскиот регион Тродос и брзо стигнал до селото Сина Орос. Дваесетипетгодишниот полицаец не бил на служба во тоа време. Најмалку четири лица беа повредени при обид да се извлечат од пожарите. Во пожар минатата недела беа повредени 12 полицајци и еден цивил, поради што дојде до евакуација на шест села и беше предизвикана значителна материјална штета. Кипар се соочи со екстремно високи температури во изминатата недела, кои достигнаа и до 42 степени целзиусови.
Во Србија, пак, три лица загинаа, а осум беа повредени во неделата, кога изби пожар во зграда во Панчево, северно од Белград. Пожарникарите ги пронајдоа телата на две жени и едно двегодишно дете на скалите, откако го изгаснаа пожарот. Грешка во електричното напојување е можниот причинител на пожарот.
Во Бугарија, три лица починаа во пожар во центарот на Софија рано во понеделникот. Жртви се двајца мажи и едно 9-годишно дете, чија мајка се здоби со тешки изгореници. Таа е во болница и е во критична состојба. (Политика, Актуално - 23/06/08; AНП, Фамагуста газете, АП, Танјуг - 22/06/08)