23/06/2008
AНКАРА, Турција -- Девет лица загинаа, а шест се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу минибус и товарен воз во провинцијата Газиантеп рано во понеделникот (23-ти јуни). Автобусот, кој превезувал гости што се враќале од свадба, удрил во воз што се движел од Мајатја до Искендерун, во близина на Карабурчлу. Возот го влечел возилото околу 500 метри. (Хуријет, Милијет - 23/06/08)