Киднаперите го ослободија грчкиот бизнисмен

23/06/2008

АТИНА, Грција -- Индустријалецот Јоргос Милонас, киднапиран во Солун на почетокот од јуни, беше ослободен и се врати дома рано во понеделникот (23-ти јуни), објавија полициските власти. Набргу по киднапирањето на Милонас, киднаперите контактирале со неговата сопруга и й кажале каде се наоѓа автомобилот на бизнисменот. На ливче во автомобилот пишувало дека бараат откуп од 30 милиони евра -- во понеделникот беа цитирани полициски извори според кои семејството на Милонас платило 12 милиони евра откуп. Полицијата се сомнева во вмешаност на најмалку пет грчки државјани. Тие ја испитуваат можната улога на озлогласениот криминалец Василис Палеокостас. Во 1995 година тој и неговиот брат, Никос Палеокостас, киднапираа еден познат бизнисмен и добија откуп од повеќе од 700.000 евра -- во сегашна вредност. Никос сé уште е во затвор, но Василис успеа да избега од еден од најчуваните затвори во Атина минатата година. (AНА-МПА Скај, Ројтерс, АФП, РИА Новости, ЕРТ, Ин Њус, Нафтеборики - 23/06/08)