Хашкиот трибунал им додели условна слобода на двајца осомничени за воени злосторства

29/06/2008

ХАГ, Холандија -- Апелациониот совет при Трибуналот на ОН за воени злосторства во петокот (27-ми јуни) им додели условна слобода на поранешниот шеф на српската разузнавачка служба, Јовица Станишиќ, и другиот обвинет Франко Симатовиќ. Станишиќ и Симатовиќ, поранешен командант на елитните српски сили, се обвинети за вооружување и обука на паравојници, кои вршеа воени злосторства врз несрпското население во Босна и Херцеговина. Станишиќ, кој го водеше српското разузнавање за време на режимот на Милошевиќ, доби дозвола привремено да го напушти затворот за да прими лекарски третман во Белград. Тој ќе биде под силна стажа во воената болница таму. Неговото судење беше одложено на 16-ти мај за „најмалку уште три месеци“ и треба да продолжи по неговото закрепнување. Ова е четврто одложување поради физичката и психичката состојба на Станишиќ. Тој страда од најразлични здравствени проблеми, вклучително и депресија и камења во бубрезите. (веб-страница на МКТЈ, АП - 27/06/08)