29/06/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во петокот (27-ми јуни) изрази надеж дека новата српска влада ќе продолжи да работи на забрзување на соработката со Хашкиот трибунал за воени злосторства, услов за членството во ЕУ. Портпаролката на Рен, Кристина Наѓи, рече дека Рен во петокот се состанал со главниот обвинител на Трибуналот, Серж Брамерц. Тие разговарале за соработката што ја покажаа земјите во Западен Балкан, вклучително и Србија, по неодамнешното апсење на бегалецот Стојан Жупљанин. Тие, исто така, разговарале за нивото на соработка што го покажаа Хрватска и Босна и Херцеговина. (Дневник, Блиц - 28/06/08; Б92, Макфакс, Бета - 27/06/08)