02/07/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ во вторникот (1-ви јули) рече дека Србија ќе има нова демократска влада до петок или најдоцна до понеделник. „Србија се развива. Оваа влада вредно ќе работи на инфраструктурата и подобра социјална рамнотежа. Тоа се нашите две цели“, рече Тадиќ на 23-тиот конгрес на Социјалистичката интернационала во Атина. Тој потврди дека полноправното членство во ЕУ ќе биде главен приоритет на новата влада.
Исто така во вторникот, српскиот парламент започна расправа за амандманот на законот за владината структура, предложен од пратеничката група на Демократската партија и Г17 Плус. Според истиот, идните влади би имале 23 министерства, едно повеќе од сега. Со тоа, вкупниот број на министри во владата ќе изнесува 23. (Блиц - 02/07/08; Бета, Б92, РИА Новости - 01/07/08)