Водачите на кипарските Грци и кипарските Турци постигнаа принципиелна согласност за единствен суверенитет

02/07/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Претседателот Деметрис Христофиас од заедницата на кипарските Грци и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат во вторникот (1-ви јули) постигнаа принципиелна согласност за единствен суверенитет и заедничко државјанство за идната турско-грчка федерација, која треба да ја реши долготрајната поделба на островот. Договорот за клучното прашање дојде на состанокот во Никозија, рече претставникот на ОН Тај-Брук Зерихаун. Талат и Христофиас се согласија да се состанат на 25-ти јули и да се подготват за нови директни разговори за повторно обединување на островот. Преговорите требаше да започнат во јуни, но беа одложени поради несогласувањата околу клучните прашања, како што се имотот, суверенитетот и државјанството во предложената бизонална федерација од две заедници. (Филелефтерос, Политис, Заман, Фамагуста газет, Фајненшал тајмс - 02/07/08; AНА-МПА, КНA - 01/07/08)