Турција вложува надежи во француското претседателствување со ЕУ

02/07/2008

AНКАРА, Турција -- На состанокот на владата во вторникот (1-ви јули) министерот за правда, Мехмет Али Сахин, рече дека Турција сака Франција да продолжи со разговорите за пристап на транспарентен начин, и покрај противењето на членството во ЕУ за Турција. Тој додаде дека Анкара очекува да отвори три нови поглавја за време на следните шест месеци од францускиот мандат како претседавач на ЕУ, кој започна во вторникот. По отпочнувањето на преговорите за пристап во 2005 година, Турција отвори само осум поглавја. ЕУ ги прекина разговорите за 15 од вкупно 35 поглавја поради одбивањето од страна на Турција да ги отвори своите пристаништа за Кипар. (Хуријет, Заман - 02/07/08; Aгенција Анадолу, АП - 01/07/08)