Пухалац назначен за нов министер за економија на РС

02/07/2008

БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик го назначи поранешниот министер за економија на БиХ, Слободан Пухалац, за нов министер за економија, енергија и развој на РС во вторникот (1-ви јули). Тој го наследи Рајко Убипарап, кој ја напушти функцијата во април од здравствени причини. Пухалац поднесе оставка од владата на РС во средината од јуни, поради лични причини. Во тоа време локалниот печат го опиша како еден до најнеефикасните министри во владата, без некои позначајни остварувања. Сепак, на прес-конференцијата во вторникот Додик рече дека Пухалац има искуство и ентузијазам да го засили економскиот развој на РС, да го зајакне развојот на енергетскиот сектор и да помогне во подготвувањето сеопфатна нова економска стратегија. (Независне новине - 02/07/08; РТРС, Pincom.info - 01/07/08)