Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Црна Гора и Македонија близу до признавање на независноста на Косово

09/10/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Црна Гора и Македонија, наводно, се решени да ја признаат независноста на Косово. Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека владата во Подгорица, најверојатно, ќе одлучува да го стори тоа на својот состанок во четврток (9-ти октомври), макар што од процедурални причини соопштението е можно да биде одложено неколку дена. Минатата недела премиерот Мило Ѓукановиќ, министерот за надворешни работи, Милан Рочен, и претседателот Филип Вујановиќ рекоа дека признавањето на Косово од страна на Црна Гора сега е скоро формалност. Сепак, Црна Гора во средата гласаше за резолуцијата на Србија до ОН, во која бара од Меѓународниот суд на правдата да го одреди легитимитетот на косовското прогласување независност.

Во меѓувреме во Скопје, парламентот треба да расправа за резолуцијата за признавање на независноста на Косово на својата седница во четврток. За време на состанокот доцна во средата, претставниците на парламентарните партии и претседателот на парламентот, Трајко Велјановски, одлучија да ја додадат косовската резолуција во дневниот ред како итно прашање. (РТРС, Вијести, МИА, Макфакс, Вечер, МРТ, Фонет, Бета - 09/10/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's