Хашката апелациона комисија ја потврди казната за поранешниот водач на хрватските Срби Мартиќ

09/10/2008

ХАГ, Холандија -- Апелационата комисија на Трибуналот на ОН во средата (8-ми октомври) ја потврди казната од 35 години затвор, што му беше изречена на поранешниот водач на хрватските Срби Милан Мартиќ. Претседателот на Трибуналот, Фаусто Покар, рече дека судот, разгледувајќи ги пресудите, поништил само мали елементи кои имале „минимално влијание на целокупната вина на Мартиќ“. Апелациониот суд отфрли голем дел од неговите аргументи, вклучително и неговото тврдење дека Трибуналот е пристрасен и дека не му дал презумпција на невиност. Во јуни 2007 година Трибуналот го осуди Мартиќ за прогон, убиства, депортација на несрпското население во Хрватска и други злосторства против човештвото, како и за кршење на законите и обичаите на војувањето. Трибуналот, исто така, го прогласи претседателот на отцепената држава Српска Крајина за виновен во врска со наредбата што ја издал за дводневното неселективно бомбардирање на Загреб со распрскувачки бомби во мај 1995 година, што резултирало со седум мртви и стотици повредени. (Б92, Фонет, РТС, АП - 08/10/08)