Јеремиќ вели дека Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово на почетокот од следната недела

20/11/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во средата (19-ти ноември) рече дека Советот за безбедност на ОН, најверојатно, ќе одржи седница за Косово следниот понеделник или вторник. Јеремиќ за Б92 изјави дека Белград добил уверување оти планот од шест точки на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, за распоредувањето на ЕУЛЕКС во Косово нема да претрпи измени, и покрај противењето на Приштина. (Б92, Tанјуг, Бета - 19/11/08)