20/11/2008
ХАГ, Холандија -- Новиот претседател на Хашкиот трибунал за воени злосторства, јамајканскиот судија Патрик Робинсон, одлучи дека друг претставник мора да го замени како судија во судењето на поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, соопшти Трибуналот во средата (19-ти ноември). Робинсон, кој дојде на претседателската функција во понеделникот, ќе му ја предаде својата улога во случајот на Караџиќ на германскиот судија Кристоф Флегер. Караџиќ, поранешен водач на босанските Срби, наводно извршил геноцид, воени злосторства и кршење на правилата и обичаите на војувањето за време на вооружениот конфликт во Босна од 1992 до 1995 година. (Танјуг, Б92 - 19/11/08)