20/11/2008
БЕЛГРАД, Србијa -- Пратениците во средата (19-ти ноември) започнаа расправа за пакетот судски реформи, кој вклучува преку 300 амандмани со цел зголемување на ефикасноста на судовите. Меѓу главните измени ќе биде формирањето нови основни судови на местото на општинските судови и високи судови на местото на окружните судови, како и формирање апелациони судови, високи судови и судови за казација. Во својот извештај за напредокот објавен на почетокот од ноември, Европската комсија (ЕК) рече дека една од главните слабости на Србија останува судскиот систем, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. ЕК вели дека политичката контрола на судството и понатаму е голема, додека механизмите за назначување судии и за одговорност мора да станат потранспарентни. (Блиц - 20/11/08; Бета, Данас - 19/11/08)