20/11/2008
ТИРАНА, Албанија -- Судот во средата (19-ти ноември) осуди британски државјанин на 20 години затвор за педофилија. Судот го осуди Дејвид Браун (57) за сексуално насилство над две деца, на возраст од 9 и 10 години, во домот за деца без родители во албанскиот град Елбасан. Браун работел за хуманитарна организација. По завршувањето на казната во затвор со силно обезбедување, Албанија ќе го депортира. (Балканвеб, ББС, Топ ченал - 20/11/08; AФП, Гардијан, Ројтерс - 19/11/08)