03/07/2009
ТИРАНА, Албанија -- Централната изборна комисија (ЦЕЦ) во четвртокот (2-ри јули) одлучи да ги донесе гласачките кутии од регионите на Лежа и Фиер и да ги преброи гласовите на државната телевизија во Тирана. Конечните резултати се очекуваат доцна во петок. Гласањето е оспорено во Скадар, Берат и Фиер.
Според резултатите од четвртокот, на владејачката коалиција предводена од Демократската партија й недостасува едно место од потребните 71 за да формира влада. Опозициската коалиција Сојуз за промени има 66 места, а Социјалистичкото движење за интеграција има четири.
Во одделни изјави од четвртокот, Албанскиот хелсиншки комитет и американскиот амбасадор во Албанија, Џон Витерс, ја повикаа ЦЕЦ да го заврши пребројувањето на гласовите достоинствено. (Tоп њус, Алсат, Ора њус, Шекули, Телеграфи, Топ ченал, Њус 24 - 03/07/09)