03/07/2009
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Министерот за одбрана во четвртокот (2-ри јули) објави дека Хрватска се приклучи на силите на НАТО во Косово, распоредувајќи единица од 20 воени офицери и два хеликоптери. Ова е прва операција на НАТО на Балканот за Хрватска, која влезе во Алијансата во април. Минатиот месец НАТО го овласти постепеното намалување на своите сили во Косово, кои моментно бројат 14.000 припадници. (AФП, ХРТ, Национал - 02/07/09)