02/03/2010
ВАШИНГТОН, САД -- Балканот останува главен транзитен правец за дрогата, од државите на производството до државите корисници, и покрај напорите на локалните власти во борбата против трговијата со дрога, заклучува американскиот Стејт департмент во својот годишен меѓународен Извештај за стратегијата за контрола на наркотиците, објавен во понеделникот (1-ви март). Според документот, Романија, Србија и Турција се главните транзитни држави за шверцот со наркотици. Во помал степен, се вели во извештајот, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово и Црна Гора, се исто така правците низ кои се врши шверцот. Албанија се смета за снабдувач на марихуана, додека Бугарија произведува амфетамински стимуланси. Извештајот предупредува за порастот на користењето на дрогата во Хрватска, Кипар и Косово. Македонија е издвоена како држава која не е ниту голем производител, ниту е главна регионална транзитна точка за нелегалната трговија со дрога. (Веб-страница на Стејт департментот - 01/03/10